Skip to main content

Што да направите кога од вас сакаат да позајмат пари роднини и пријатели

Позајмувањето на пари често може да биде контрапродуктивно

 |  инфодеск  | 

Позајмувањето пари на најблиските често може да биде контрапродуктивно, дури до таа мерка што луѓето прекинуваат односи и врски, пишува Credit Cards.

Спрема Maggie Baker, автор на книгата “Луди по пари”, една од најголемите грешки при позајмување на пари е кога луѓето ќе кажат ДА пред да размислат. Многумина позајмуваат пари за да не испаднат себични и поради стравот да не го изгубат меѓусебниот однос. Во случај кога се позајмуваат пари многу е важно да не ја загрозите својата финансиска ситуација, а златно правило при позајмување е: “позајми мислејќи дека никогаш нема да ги добиеш парите назад”. Кога треба да одлучите дали да позајмите пари, експертите ги посочиле овие правила:

Изразете поддршка и разбирање. Лицето треба да ја почуствува вашата поддршка за да го преброди лошиот период. Понудите му го своето рамо и послушајте го што има да каже а одвреме навреме прашајте го како се носи со ситуацијата.

Објаснете ги вашите финансиски обврски. Треба да им ги објасните вашите финансиски планови и обврски и дека не сте во можност да позајмувате иако имате пари.

Насочете ги кон експерти. Ако лицето кое бара пари од вас подолго време е финансиски неодговорно, упатете го на места каде би можел да добие помош. На пример некој финансиски советник или експерт.

Советувајте. Добар совет злато вреди. Ако не можете да помогнете финансиски, секогаш можете да помогнете со совет на лице во невоља. На нив останува одлуката дали ќе ве послушаат.

Очекувајте грижа на совест. Чувството на вина и стрес е секогаш присутно кога не можеме да помогнеме на пријателите. Разговарајте за тоа и споделете го со луѓе во кои имате доверба.

{loadposition content9}