Мали или големи, пилешки или вегетеријански, со или без лути пиперчиња, возможни се нарачки на секаков вид на пици, а доставата е летечка.
Имено, еден ресторан во индискиот град Бомбај, одлучил своите специјалитети да ги доставува со беспилотни летала.
Сопствениците на пицеријата Francesco им се допаднала веста дека Amazon, американската компанија за нарачки преку интернет, планира своите пратки на купувачите, во иднина да им ги доставува со дронови, па одлучиле и тие сами да ја реализираат таа идеја за да ги избегнат сообраќајните метежи кои се секојдневие во овој голем град.
“Успешно го спроведовме тестот, така што на 11 мај пративме пица на муштерија кој се наоѓа на 1,5 километри од нашиот локал”, рекол за индиската новинска агенција PTI главниот менаџер на пицеријата Михел Раџани.
“Го постигнавме она што за четири-пет години ќе стане сосема вообичаено”, објаснил тој, додавајќи дека цената на беспилотното летало со четири ротори чини околу 2000 долари.
{loadposition content9}