Skip to main content

Мисија

НАСА ја лансираше првата ракета од Австралија

Властите истакнуваат дека лансирањето е „миг на извонредна гордост“ за Австралија и е направено со благослов на Абориџините во тоа подрачје.
 |  инфодеск  | 
Ракета Наса

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА првпат лансираше ракета од северна Австралија. Со тоа, агенцијата испиша историја, затоа што ова е првото лансирање нивна ракета од комерцијален космодром вон САД.

Суборбиталната ракета полета рано утринава по локално време и ќе овозможи да се спроведат астрофизички студии на јужната хемисфера. Ова е, исто така, прво лансирање ракета од австралиско тло по повеќе од 25 години. Лансирана е првата од трите ракети на НАСА од новиот вселенски центар Арнем, што се наоѓа на работ на австралиската Северна Територија, соопшти НАСА.

Научниците се надеваат дека мисијата ќе помогне во проучувањето на влијанието на ѕвездената светлина врз блиските планети. Лансирањето траело многу кратко, а ракетата долга 13 метри се спушти на Земјата по планираните 15 минути. Собраните податоци ќе помогнат да се проучат соѕвездија оддалечени 430 милиони светлосни години.

Тамошните власти истакнуваат дека лансирањето е „миг на извонредна гордост“ за Австралија и е направено со благослов на Абориџините во тоа подрачје.

Следното лансирање е закажано за 4 јули, а НАСА вети дека притоа ќе го собере целиот материјал и отпад и ќе го врати во САД.