Skip to main content

Откритие

Наса наиде на неочекуван објект на МАРС

Експертите го објавија ова „изненадувачко“ откритие на Твитер и рекоа дека им се чини дека се работи за парче термичка покривка.
 |  инфодеск  | 
Објект Марс

Американската вселенска агенција НАСА наиде на „неочекуван“ светол објект на Марс.

Нивниот „Rover Perseverance“ снимил предмет налик на метална фолија за време на рутинско талкање. Но, пред да почнеме да шпекулираме за вонземјаните, вистината веројатно ни е многу поблиску.

Имено, се покажа дека материјалот е еден од НАСА. Експертите го објавија ова „изненадувачко“ откритие на Твитер и рекоа дека им се чини дека се работи за парче термичка покривка. Тој веројатно останал таму откако „Истрајност“ слета на Црвената планета во 2021 година.

Кога фотографијата се зумира, можно е да се видат мали точки кои се вообичаени за термичка покривка.

Претставник на НАСА во интервју за CNET изјави дека се сигурни дека тоа е дел од корицата, но помалку се сигурни за кој точно дел од леталото се работи.

Помалку е јасно од кој дел од вселенското летало доаѓа или како точно стигнал таму. Нашиот тим верува дека тоа веројатно се случило за време на фазата на слетување – рече Ендрју Гуд од Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL).

Тој додаде дека не знаат дали слетал таму по несреќата или бил однесен од ветерот. Сепак, не сите беа импресионирани од ова откритие. Некои, пак, веруваат дека НАСА фрла отпад на Марс.

Таму уште нема луѓе, а веќе оставивме ѓубре – коментира еден незадоволен коментатор.

Ние луѓето успешно го оставивме ѓубрето таму, уште пред да стапнеме таму – револтирано додал друг корисник на Твитер, пренесува New York Post.