Наскоро првото кафуле во вселената
За пиење кафе и поглед на земјината топка ќе треба да се плати 48.000 фунти
Ако сте сонувале за пиење кафе со поглед на земјината топка од вселената, сонот наскоро би можел да ви се отствари. Компанијата World View Experience објави дека е при крај со тестирање на капсулата во која ќе биде сместено првото вселенско кафуле и која наскоро ќе полета на првото патување во земјината орбита.
Сите заинтересирани за пиење на пијалоци во вселената ќе мора да издвојат 48.000 фунти, а од World View чие седиште е во американската држава Аризона, известија дека веќе потпишале неколку договори со првите заинтересирани гости.
Капсулата со шест патници и два члена на екипажот во која е сместено кафулето ќе ја подигне балон на гас на висина од 30.480 метри, а вкупното времетраење на летот ќе биде околу два часа.


