Иако официјално не е потврдено, Microsoft наскоро ќе го објави Windows 9 кој, спрема гласините, ќе биде бесплатен за корисниците на Windows 8 и XP верзијата.
Оваа вест ја потврдил претседателот на Microsoft во Индонезија Andresa Diantoro.
Корисниците така ќе имаат едноставен начин за надоградба на постоечкaта верзија на Windows, и секако со зголемен број на ажурирања, со што Microsoft успешно ќе го следи моделот на Apple за надоградување на оперативниот систем.
Моментално не е познато дали корисниците на старите верзии на Windows ќе имаат бесплатна надоградба, но очигледно е дека тоа ќе го имаат корисниците на Windows 8 и корисниците на XP верзијата за која Microsoft не пружа софтверска поддршка.
Она што е во моментов познато е дека Windows 9 го враќа копчето “Start”, пребарување со помош на сопствен асистент Cortan, нов “notification center”, поддршка за повеќе работни површини и неколку унапредувања во корисничкиот интерфејс.
{loadposition content9}