Skip to main content

НАТО: Русија има поголеми амбиции

Амбициите на Русија нема да застанат на Украина

 |  инфодеск  | 

Генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмунсен, оценил во средата во Рејкјавик дека амбициите на рускиот претседател, Владимир Путин, одат понатаму од Украина, наведувајќи ги другите региони во близина на руската граница.

“Се плашам дека руските или амбициите на Путин одат понатаму од Украина”, рекол Расмунсен за време на прес конференцијата за новинарите со исландскиот премиер.

“Сведоци бевме за незаконската анексија на Крим, видовме силна подршка за дестабилизација на истокот од Украина. Но, Русија ја гледаме и зад замрзнатите и долготрајни конфликти во Приднестровје, на истокот од Молдавија, и во Абхазија и Јужна Осетија, во Грузија”, додал Расмунсен.

Абхазија и Јужна Осетија се две проруски сепаратистички регии во Грузија, чија независност Москва ги има признато, додека Приднестровје сеуште не го има признато.

“Руските интереси во тие долготрајни конфликти ги спречија силните евроинтеграциски процеси на тие земји. Амбициите на Русија се да воспостави руски сфери на влијание во нејзината непосредна близина”, заклучил Расмунсен.

{loadposition content9}