Научниците во Холандија успеале да направат голем напредок во квантното телепортирање кое би можело да го побие Алберт Ајнштајн во врска со претствата за квантната врска, пишува Independent.
Објавувајќи го своето откритие во списанието Science, физичарите од универзитетот Delft, тврдат дека успеале сигурно да телепортираат квантна информација помеѓу два дела на дијамант кои биле раздалечени 3 метри.
Иако е во прашање идентичен процес на телепортација претставен во научно-фантастичните филмови, еден од авторите, професорот Roland Hanson, изјавил дека телепортацијата видена во филмовите би можела да стане реалност.
“Ние телепортиравме нешто што беше во состојба на честички. Доколку верувате дека ние не сме ништо повеќе од колекција на атоми кои се на одреден начин поврзани, тогаш во теоријата е можно телепортирање од едно место на друго. Иако во пракса ова е малку веројатно, да кажете дека тоа никогаш нема да се случи е малку опасно. Таков вид на телепортација никогаш не би отфрлил бидејќи не постојат основни закони на физиката кои ова го забрануваат. Но, ако ова се случи, тоа ќе биде во далечна иднина”, изјавил Hanson.
Меѓутоа, ова не значи дека откритието на Hanson нема да има ефект на сегашноста, со оглед дека прецизната телепортација на квантната информација е клучниот чекор кон создавањето на квантни мрежи кои би биле многу помоќни од денешните супер-компјутери.
“Главна употреба на квантната телепортација би била квантна верзија на интернет и ширење на мрежа која ќе можеме да ја користиме да праќаме квантни податоци”, тврди професорот Hanson.
Самиот Ајнштајн се сомневал во постоење на квантна испреплетеност. Во прашање е феномен во кој честичките, кои се наоѓаат на спротивните креви на универзумот се нераскинливо поврзани. Што и да и се случи на едната, истиот момент и се случува и на другата честичка. Меѓутоа, и покрај неприфаќањето на многу физичари, ова е претпоставено во теориите на квантната механика, многу време пред да имаат научниците технологија за да ги тестираат.
Во прашање е важно откритие во физиката со оглед на тоа дека научниците успеале да префрлат квантна информација во 100% време. Ова е многу поголем успех во споредба со некои поранешни експерименти кои ги спровеле научниците од универзитетот во Мериленд 2009 година, каде телепортираната информација е пренесена само еднаш во 100 милиони обиди.
{loadposition content9}