Skip to main content

Некогаш освојуваше медали а сега муштерии

Јавноста шокирана од сознанието од што живее

 |  инфодеск  | 

Беше позната гимнастичарка, која својата татковина ја претставуваше на разни меѓународни натпревари, и има освоено сребрен медал на светско првенство, сребрен медал на европско првенство, и злато и сребо на јуниорско европско првенство. Флориса Леонида (27) беше позната романска гимнастичарка, меѓутоа јавноста се шокира кога дозна од што живее таа сега.

Бидејќи од гимнастика не можела да живее, а како тренер во Романија можела да заработи само неколку стотини евра што било недоволно да ја издржува фамилијата, Флориса пронашла извор на полесна заработувачка. Имено, таа се отселила во Германија каде се вклучила во ланецот на елитна проституција, за да подоцна продолжи и живее во Австрија.

Добро упатени извори на познатата спортистка тврдат дека за само една ноќ заработува и преку 1.200 евра и менува по пет-шест партнери на ноќ.

Флориса на својата пријателка и раскажала дека половина од парите ги праќа на своите во Романија, додека остатокот го троши на ресторани, средување и живот во Виена.

“Морам некако да спојам крај со крај, работам тоа што морам”, и рекла на својата пријателка, чии зборови ги пренесуваат романските медиуми.

Инаку, за нејзината нова професија се дознало кога сосем случајно еден потенцијален клиент ги разгледувал фотографиите на интернет страницата на австрискиот бордел.

{loadposition content9}