Поранешниот претседател на Американската централна банка, Ben Bernanke, смета дека повеќе директори од Wall Street требало да завршат в затвор поради нивните постапки кои доведоа до финансиска криза во целиот свет во 2008 година.
Во интервјуто за дневникот USA Today, Bernanke рекол дека американското министерство за правосудство и другите агенции задолжени за криминални дела требало повеќе да се фокусираат и да ги прошират истрагата и обвиненијата против финансиските компании.
“Но, јас повеќе би се насочил на истрага на постапките на поединци, со оглед дека сѐ тргна наопаку или било нелегално направено од страна на одредени поединци, а не некои апстрактни компании”, рекол Bernanke.
Bernanke, кој беше претседател на Fed за време на финансиската криза во 2008 година, а која се смета за најголема од Големата депресија во 1930-те години, вели дека не бил тој што одлучува дали треба некој да се гони по судски пат.
“Fed не е задолжен за тоа. За тоа се задолжени министерството за правосудство и други одговорни, а многу напори беа насочени за обвинување на финансиски компании. Финансиските компании се законска фикција а не личност. Не можете компанија да пратите во затвор”, рекол Bernanke.
Ben Bernanke по осум години на чело на Fed минатата година замина во пензија, и вели дека финансиската криза во 2008 година била изнимно опасна и дека и понатаму смета дека Fed направил добро што ги спаси банките од пропаст.
“Мислам дека беше многу извесно да склизнеме во депресија слична на онаа од 1930-те години”, рекол Bernanke, кој оваа недела издава мемоари.