За само неколку недели, 500 мртви делфини на плажите на Перу
Најмалку 500 мртви делфини биле пронајдени на различни плажи на северот на Перу, информира „Асошиејтед Прес“.
Најмалку 500 мртви делфини биле пронајдени на различни плажи на северот на Перу, информира „Асошиејтед Прес“.
Причината за смртта сѐ уште е непозната, а обдукцијата е во тек. Перуанскиот поморски институт испратил тим експерти за да откријат зошто делфините се насукале во областите Ламбајек и Пиура на северот на Перу.
Во рамки на обдукцијата ќе бидат анализирани белите дробови, бубрезите и црните дробови, а резултатите ќе бидат објавени за две недели.
Ова не е првиот таков случај во овој регион. Во 2012 беа откриени остатоци од 870 делфини, а ни тогаш не беше позната причината за нивната смрт.
Како можни причини за масовното гинење и насукување на делфините се истакнуваат биотоксините во морињата, сеизмички тестирања, извлекувањето нафта од морското дно, како и сѐ уште непознати заболувања, пренесува Еј-би-си.
{loadposition content9}