Нема отцепување на Каталонија
Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека нема да дозволи ниту еден референдум, чиј резултати ќе ги доведе под сомнеж територијалната целост и суверенитет на земјата, вклучувајќи го и прашањето за независност на автономната област Каталонија.

„Државата е подготвена за секакви сценарија на развој на настаните. Законот ќе биде почитуван. Нема да има референдум, кој ќе го доведе под знак прашалник суверенитетот на шпанскиот народ. Додека јас сум премиер ниту една шпанска територија нема да добие независност“ – рече Рахој.
Тој вети дека ќе работи на „зајакнување на врските кои ги обединуваат Каталонците и Шпанците“.
„Ќе ги почитувам законите и Уставот. Таков е мојот план за Каталонија“ – изјави Рахој не откривајќи какви мерки би презел ако Каталонија еднострано прогласи независност.
{loadposition content9}