Сите градски функции освен полицијата и противпожарната служба се препуштени на таканаречениот outsourcing. Првиот впечаток е дека градот наликува како и сите други градови во САД но сепак се разликува во многу нешта од другите.
Sandy Springs е град со 100.000 жители и се наоѓа во сојузната држава Џорџија во САД. Она што го чини поразличен од другите е тоа што од 2005 година скоро сите функции на градската управа се препуштени на приватна компанија.
Градот има многу ефикасен outsourcing кој е задолжен за грижата околу инфраструктурата, но и за исплата на плати кои значајно се разликуваат од остатокот во САД. Нема застој во решавањето на барањата за разни дозволи кои ги издава градот. Ако некоја услуга не пружа доволно добри резултати за градот, договорот се раскинува со фирмата која тоа го работела и се ангажира друга.
Препуштајќи ја контролата на приватниот сектор Sandy Springs заштедил многу пари, а наместо 828 вработени во управата, сега се вработени 471 работник од кои само осум се вработени со полно работно време.
Во текот на вложувањата во инфраструктурата поправени се 236 километри патишта, поставени се 50 километри плочници и се работело на 874 проекти поврзани со водата.
Секогаш кога некому ќе му притреба помош или информација во врска со градот, може да го повика инфо центарот во било кое време на денот или ноќта. Ќе му се јави љубезен оператор, кој има пристап до камерите низ градот и ќе му одговори на прашањето. Инфо службата прима околу 6000 повици месечно.
Лицата кои доаѓаат да живеат во градот, обично не знаат дека градот е приватизиран бидејќи не постои ниту еден оглас кој прикажува лого на фирмите кои работат за градот, а жителите велат дека се презадоволни.
На луѓето им се допаѓа во која насока оди градот а поединци кои живеат и работат овде се задоволни со услугите кои им се пружаат, вели Sharon Kraun, официјален претставник на градот.
Дека граѓаните се задоволни со ваков пристап на водење на градот покажува и фактот дека на изборите за градоначалник убедливо победил токму оној кандидат кој во текот на изборната кампања заговарал дека градот ќе остане приватизиран.
Многу други градови веќе го разгледуваат овој модел каков што има Sandy Springs. Еден од архитектите на овој модел е Oliver Porter. “ Се повеќе ме прашуваат за совет околу овој модел”, вели Oliver и додава дека неколку градови во Велика Британија, Јапонија, Исланд и Латинска Америка го контактираат за консултации.
{loadposition content9}