Џихадистите во секојдневната “cyber” војна со САД ги објавиле контакт деталите од пензионираните американски генерали, воените планови и пораката: “Американски војници, доаѓаме, внимавајте”.
Twitter профилот на американската воена команда го хакирале симпатизерите на Исламската држава и таму објавиле пораки за поддршка на џихадистите во Сирија и Ирак. Истовремено објавиле и мноштво на лични податоци на пензионирани американски генерали, поради што на нозе е кренат целиот воен персонал, а се покажало дека е упаднато и во неколку високи воени тајни системи, пренесува Mirror.
Фотографијата на профилот на US Central Command е заменета со фотографија која вклучува и текст: “те сакаме ISIS”. Следеле и нови пораки: “Нема да застанеме! Знаеме сѐ за вас, за вашите сопруги и деца”, пишува на една од нив. “ISIS е тука, во вашите компјутери, во секоја воена база”, пишува во друга порака.
Набрзо хакираниот профил е суспендиран, но хакиран е и YouTube каналот на US Central Command.
{loadposition content9}