Во несреќата со индонезискиот траект само 21 преживеан
Само 21 преживеан е пронајден после вчерашната несреќа на траектот на истокот на Индонезија, додека 246 лица се водат како исчезнати.
| Крсте Голабовски | Свет
Индонезија
Само 21 преживеан е пронајден после вчерашната несреќа на траектот на истокот на Индонезија, додека 246 лица се водат како исчезнати.
Како што изјави индонезискиот министер за сообраќај Јасмин Џамал, истрагата треба да покаже поради што бродот испловил наспроти предупредувањата за лошите временски услови.
Траектот потона вчера меѓу градот Паре-паре, на островот Сулавези и Самаринда, главен град на провинцијата Источен Калимантан.
Според последните повици што биле добиени, бродот бил погоден од бура, изјави лице од транспортната компанија во чија сопственост бил бродот, јавија западни медиуми.

{loadposition content9}