Skip to main content

Неверојатен оглас со неверојатна цена

Американец продава Yugo GV на Ebay

 |  инфодеск  | 

Yugo е симбол на минатите времиња и државата која повеќе не постои. Благодарение на цената и добрите политички врски на тогашна Југославија со САД, националниот автомобил стана достапен и на граѓаните на САД, кои можеле да го купат за 3.990 долари. Дека популарноста на Yugo преку океанот не опаднала, доказ е најновиот оглас за лицитација на популарниот Ebay, каде сопственикот од градот El Kahon, во близина на San Diego, во Калифорнија, својот Yugo од 1986 година го продава за 4.356 долари, колку што изнесува најголемата понуда.

Интересно е тоа што продавачот, покрај фотографијата, навел дека автомобилот е интерсен за филмови, реклами, колекционерство и поставил прашање “кога последен пат сте виделе еден од овие во било каква состојба”, алудирајќи на одамна поминатото време кога Yugo предизвикувало хистерија пред салоните каде се продавал. 

{loadposition content9}