Skip to main content

Испратено предупредување до жителите

Невремето Богдан доаѓа во западна Грција

Синоќа порака добија сите жители на островите во Јонско море, со исклучок на Закинтос, па така ќе мора да внимаваат во следните 24 часа.
 |  инфодеск  | 
Невреме во Грција

Грција очекува денеска да пристигне невремето „Богдан“ од Италија, а до жителите е испратено предупредување да избегнуваат непотребни движења.

Синоќа порака добија сите жители на островите во Јонско море, со исклучок на Закинтос, па така ќе мора да внимаваат во следните 24 часа.

Денеска сите училишта на Крф ќе бидат превентивно затворени, откако вчера беше донесена таква одлука на состанокот.