На третата годишнина од налетот на „Катрина“, Њу Орлеанс повторно во опасност
Бурата „Густав“ ќе прерасне во ураган од трета категорија кога во вторник ќе пристигне на бреготвите на САД.
| Крсте Голабовски | Свет
Бурата „Густав“ ќе прерасне во ураган од трета категорија кога во вторник ќе пристигне на бреготвите на САД.
„Се очекува бурата да биде следена од бранови со височина од пет до девет метри, а државите кои ќе се најдат на патеката на ураганот, како што е Луизијана, утре ќе почнат со евакуација на населението“, изјави на прес конференција претставник на агенцијата за вонредни состојби, адмиралот Харви Џонсон.
На патеката на бурата ќе биде и Њу Орлеанс, кој денеска ја одбележува третата годишнина од разурнувачкиот ураган Катрина, во кој загинаа 1.500 лица.
Досега бурата „Густав“ на Карибите ги однесе животите на најмалку 72 лица. Ги погоди Хаити, соседната Доминиканска Република и Јамајка, а повеќето жртви настрадаа во поплавите и свлечиштата.