Нов астероид се приближува кон Земјата
Новооткриен астероид ќе прелета покрај земјата во четврток, но не претставува опасност, иако ќе помине преку орбитата на Месечината. Астероидот наречен 2010 ГА6 со релативно мала ширина од околу 22 метри го откриле астрономите од “Каталина скај сурвеј“ центарот во Тусон, Аризона.

Астероидот ќе лета во орбитата на Месечината, додека покрај планетата Земја ќе помине во 19:06 часот. Од НАСА велат дека овој астероид не треба да не загрижува и дека планетата е безбедна.
“Објектите кои поминуваат преку орбитата на Месечината во близина на Земјата се појавуваат скоро секоја седмица“, изјавил Дон Јеоманс од НАСА.
Астероидот 2010 ГА6 кога ќе се доближи до планетата Земја ќе биде на оддалеченост од околу 358 илјади километри. Сепак, ова не е прв пат астероид да се приближи толку блиску до Земјата оваа година, потсетуваат од НАСА:
Во јануари мал астероид наречен АЛ30 се приближел на Земјата на околу 130 илјади километри.
Најновиот телескоп што од НАСА почнале да го користат во декември минатата година можел да открие астероиди што порано не биле видливи. Овој телескоп секој ден се соочува со минимум десет непознати астероиди, а некои од нив би можеле да бидат опасни за платената Земја, изјавиле научниците од мисијата ВИСЕ.
{loadposition content9}