Се појавија нови детали за самата рута која ја одбрал екипажот на сега срушениот авион. Летот МН17 на линијата Амстердам-Куала Лумпур во четвртокот ја одбрал рутата неколку стотини километри посеверно од вообичаеното, а причините најверојатно се кријат во силното невреме кое се надвило над подрачјето на вообичената рута, пишува Guardian.
“Слушнав дека ја смениле рутата поради невреме. Верувам дека станува збор за облаци со громови. Во таков случај обично се прашува контролата на летање дали ќе ви одобри десно или лево од невремето”, рекол претседателот на европското здружение на пилоти Nico Voorbach.
Уредникот на списанието за безбедност на меѓународниот воздухопловен сообраќај, пилотот Robert Mark, тврди дека рутата на малезискиот боинг над Украине не била вообичаена за тој конкретен лет. Ги споредил јавно достапните податоци за деновите претходно и заклучил дека Боингот се движел скоро 500 километри посеверно. “Јас како пилот на комерцијални авиони можам да ви кажам дека ако мене ми дадеа таква рута, знаејќи што се случува во тој регион во изминатите месеци, никогаш не би ја прифатил”, рекол Mark.
Спрема најновите информации екипажот на авионот требало да ја прелета Украина на висина од 35.000 стапки, но украинската контрола на летање им наложила да се спуштат на 33.000 стапки поради густината на сообраќајот. Тоа е околу 300 метри пониско од долната дозволена граница над истокот од Украина.
Надлежните во Malaysia Airlines наведуваат дека екипажот морал да ја послуша наредбата на контролата на летање. На директното прашање за невремето како можен фактор за промената на рутата, оперативниот директор на Malaysia Airlines, Izham Ismail, одговорил дека од пилотот на MH17 не стигнала никаква информација во компанијата што би укажало на тоа.
{loadposition content9}