Светот доби нов крал помеѓу брендовите, а таа титула од планетарно популарното јаболко, односно Apple, ја превзеде нејзиниот најлут ривал – Google.
На врвот од топ 100 глобални брендови сега е Google со 158,8 милијарди долари, што претставува пораст од 40% во однос на 2013 година. Apple од друга страна со намалена вредност од 20%, односно 147,8 милијарди долари.
Третото место му припадна на IBM, а во топ 10 местата ги завзедоа Microsoft, McDonald’s, CocaCola, Visa, AT&T, Marlboro и Amazon.
Целокупната табела од топ 100 брендови вреди дури 2,9 билијарди долари. Тоа е зголемување за 12% во однос на претходната година.
{loadposition content9}