Skip to main content

Нов опасен вирус закана за компјутерите

Се појави нов опасен вирус кој ги краде личните податоци и го уништува оперативниот систем

 |  инфодеск  | 

Безбедносните експерти предупредуваат дека се појави нов опасен вирус, Rombertik, кој ги краде личните податоци на корисникот на компјутерот и користи различни методи за да се скрие од антивирусните програми, а дури и се обидува да го уништи компјутерот. Станува збор за уникатен вирус кој ги следи алатките за анализа на вируси и malware, а ако постои опасност да биде откриен, Rombertik  брише одредени клучни датотеки од компјутерот поради кои константно се ресетира и единствен начин да се реши тој проблем е реинсталација на Windows. Со реинсталацијата корисниците можат да изгубат бројни важни датотеки и затоа е важно често да се врши bаckup на содржините од компјутерот на надворешни дискови.

Безбедносните експерти од Cisko Ben Baker и Alex Chiu велат дека корисниците можат да се заразат со овој вирус ако отворат порака/меил за која се чини дека доаѓа од сигурен извор.

Вируси како Rombertik се ретки, коментирал за BBC безбедносниот експерт Graham Cluley и додал дека тие се дизајнирани за да не привлекуваат внимание туку целта му е во тишина да собира податоци и да ги краде што подолго време.

{loadposition content9}