Skip to main content

„Новарис“ ја произведе првата серија вакцини против грипот А

Швајцарската фармацевстка компанија „Новарис“ соопшти дека ја произведе првата серија вакцини против новиот грип од типот А, неколку недели порано отколку што се очекуваше.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Швајцарската фармацевстка компанија „Новарис“ соопшти дека ја произведе првата серија вакцини против новиот грип од типот А, неколку недели порано отколку што се очекуваше.
Првата серија вакцини ќе биде искористена за предклиничка оцена и испитувања, а потоа и за клинички испитувања. Според

лабораторијаСветската здравствена организација (СЗО) фармацевстките компании најверојатно ќе добијат одобрение за продажба на вакцините по септември.
Вакцината е произведена во фабриката на „Новарис“ во Марбург, Германија, која има капацитет за производство на милиони дози вакцини неделно. Втората фабрика за производство на вакцината против вирусот H1N1 е во Холи СПрингс, Северна Каролина.
„Новарис“ добила барања за достава на вакцини од 30 држави, меѓу кои и од американското Министерство за здравство, кое уште во мај нарачало вакцини во вредност од 289 милиони долари.
СЗО вчера  ги информира државите членки за одлуката да прогласи пандемија од новиот грип. Одлуката е донесена по разгледувањето на влошената ситуација во САД, во Европа, во Австралија, во Јужна Америка и на други места, каде бројот на заразените се зголемува секојдневно.
Тоа е првата светска епидемија на грип по 41 година, а според предвидувањата на СЗО вирусот H1N1 може да циркулира од една до две години во светот. Поради тоа, СЗО прераспредели уште 5,65 милиони дози од лекот „Тамифлу“ на швајцарската компанија „Рош“. Лекот пред се е наменет за децата.

{loadposition content9}