Патниците во авио-сообраќајот се соочуваат со остри мерки на безбедност на директните летови кон САД. Американската управа соопштила дека патниците не ќе можат да внесат во авион електронски уреди со испразнета батрија, и ќе се соочат со додатни проверки. Аналитичарите, новите мерки, ги поврзуваат со разузнувачките податоци кои укажуваат дека Al-Qaeda работи на нови видови експлозиви, кои тешко се детектираат.
Американската управа за безбедност во сообраќајот побарала од 250 аеродроми во странство, со директни летови кон САД, да бараат од патниците, при проверката на влез, да ги уклучуваат електронските уреди, поради страв дека би можеле да содржат експлозив. Мобилните телефони, лаптоп компјутерите, таблетите, ДВД плеерите, мораат да бидат исправни доколку сакате да влезете во авион.
“Тие уреди се мали, но не е потребно многу експлозив за да се направи дупка во авионот и да предизвика катастрофална штета”, вели аналитичарот Ray Kelly.
Американските власти стравуваат дека Сирија и Ирак, поради актуелните состојби, станале центри за обука на џихадисти. Некои од нив доаѓаат од САД или западна Европа, што значи дека поради пасошите можат несметано да патуваат во САД.
Американските власти не објавиле детали за новите мерки ниту пак на кои странски аеродроми тие ќе се спроведуваат.
{loadposition content9}