Нови демонстрации во Атина
Околу 30 момчиња се судрија со полицијата во центарот на Атина, откако претходно протестираа пред парламентот, и предизвикаа штети на автомобили и продавници, соопштија грчките медиуми.
Стотици демонстранти се собраа на протестна прошетка кај парламентот, која тргна од квартот „Егзархија“, каде пред три месеци полицаец уби тинејеџер и отпочна бранот протести и насилиство.
Демонстрантите развиорија црвени знамиња и скандираа „државниот тероризам нема да помине“.
По протестот момчињата запалија канти за ѓубре и почнаа да фрлаат камења и „молотови“ коктели кон полицијата, причинувајќи штети на најмалку 20 автомобили и четири продавници.
Полициските единици за борба против нарушители на јавен ред и мир со солзавец ги растурија демонстрантите.
{loadposition content9}