Facebook ги претстави новите алатки кои на корисниците ќе им овозможат повеќе контрола над прегледот на новостите, односно над news feed.
Како што пишува The Wall Street Journal, ажурираните опции ќе им овозможат на корисниците понапредно филтрирање на објавите на пријателите и страниците. На пример, со кликнување на стрелката над објавата сега ќе можете да одберете нечија содржина да ја гледате во помал обем, наместо скроз да ја скриете или да престанете да ја следите.
Една од новините е и новиот селектор за news feed, во кој ќе можете да го видите списокот на сите оние кои сте престанале да ги следите на Facebook, како и профилите кои во претходната недела доаѓале најмногу до израз на вашиот news feed.
Новите промени ќе се појават на сами на десктопот и на мобилната апликација, а ќе се воведуваат постепено кај корисниците.
{loadposition content9}