Skip to main content

Нови пожари во Австралија

Јужна Австралија повторно ја зафатија шумски пожари. Огнената стихија најмногу беснееше во градовите Фрамлингам и Тимбон, а за гаснење на пожарите на терен излегоа повеќе од 100 пожарникарни возила.

 |  Крсте Голабовски  | 
pozari
пожари
Јужна Австралија повторно ја зафатија шумски пожари. Огнената стихија најмногу беснееше во градовите Фрамлингам и Тимбон, а за гаснење на пожарите на терен излегоа повеќе од 100 пожарникарни возила.

Avstralija Атмосферските услови ја отежнуваат работата на пожарникарите. Според синоптичарите во следните денови температурите ќе достигнат над 40 степени Целзиусови, а брзината на ветрот ќе биде 50 километри на час.
Во реонот на пожарите е објавена вонредна состојба, а затворени се 190 училишта и 146 детски градинки.

Локалните власти ги повикаа жителите од овие области да ги напуштат домовите или во спротивно да се подготват добро за да ги заштитат од пламените јазици.