Skip to main content

Нови промени на Instagram

Instagram на својот блог најавува повеќе измени

 |  инфодеск  | 

Instagram во идните неколку недели ќе додаде бројач на прегледи на видео записите кои ќе прикажуваат колку пати е видено некое видео.

Наместо бројот на допаѓања, под секој видео запис ќе има бројач на прегледи. Ова не треба да ве загрижува бидејќи и понатаму ќе може да се види колку допаѓања добил вашиот видео запис и тоа само со едно кликање на views.

Instagram на својот блог најави дека во идниот период ќе има уште измени кога се во прашање видео записите. Додавањето на бројачот на прегледи е првиот чекор кој ќе ги подобри видео записите на оваа мрежа.

Со помош на бројачот на прегледи, корисниците на Instagram ќе можат да ја следат популарноста на видео записот, а досега можеше да се следи само бројот на допаѓања. И допаѓањата и популарноста ќе бидат достапни во месецот кој доаѓа.