Skip to main content

Новинарите во светот се уште се објект на напади

Во обраќањето по повод утрешното одбележување на Светскиот ден на слободата на печатот, генералниот секретар Бан Ки-мун изрази жалење дека во светот продолжуваат убиства, заплашувања и испраќање во затвор на новинари.

 |  Крсте Голабовски  | 
novinar
новинар
Во обраќањето по повод утрешното одбележување на Светскиот ден на слободата на печатот, генералниот секретар Бан Ки-мун изрази жалење дека во светот продолжуваат убиства, заплашувања и испраќање во затвор на новинари.

– Бројот на напади врз новинари е шокирачки, се вели во изјавата на Бан. Во неа се посочуваат податоци на Комитетот за заштита на новинарите, дека 41 новинар биле убиени во 2008 година, додека ја вршеле својата професија и оти 11 новинари се убиени од почетокот на годината.

nastanВо изјавата се истакнува дека 125 новинари кон крајот на 2008 година се наоѓаат се уште во затвори. Некои од нив се приведени веќе десет години, рече Бан, цитирајќи ги одново податоците на Комитетот за заштита на новинарите.

Генералниот секретар на ОН во изјавата истакнува дека три земји – Куба, Кина и Еритреја, носат одговорност за половина од тие случаи на уапсени новинари.
Бан ги оцени како неприфатливи обидите за заплашување на новинарите.

Во изјавата генералниот секретар на ОН обрнува особено внимание на убиството на новинарот од Шри Ланка Ласанта Викрематунга. Тој беше убиен во јануари годинава. Посмртно беше прогласен за лауреат на Меѓународната награда за слобода на печатот, на УНЕСКО.

{loadposition content9}