Бројни технолошки компании ги претставија новите модели на телефони, таблети и часовници, но впечаток е дека главните адути на Sony се во врвот на смарт производите.
Моделот Xperia Z2 спрема многу експерти беше еден од најдобрите паметни телефони, а Sony сега го надогради и подобри својот најсилен смартфон кој на пазарот ќе им конкурира на iPhone и на Galaxy S5.
Xperia Z3 има 5,2 инчен екран со резолуција 1920х1080 пиксели, работи на четворојадрен Snapdragon 801 процесор од 2,5 GHz, има 3 GB RAM, 16 GB простор за податоци кои можат да се надоградат со мемориска картичка до 128 GB и камера со резолуција од 20,7 мегапиксели која е слична како на Z2 со тоа што оваа камера снима подобри фотографии во услови на намалена видливост. Како и останатите модели од серијата Z, и овој телефон е водоотпорен и отпорен на прашина (може да издржи до 30 минути во вода и со него можете да снимате фотографии на длабочина од 1,5 метри).
Слични опции, но во помало куќиште има Xperia Z3 Compact кој е наменет за корисници кои сакаат силен телефон но со помали димензии. Овој смартфон е со екран со дијагонала 4,6 инчи (720р), работи на четворојадрен Snapdragon 801 процесор од 2,5 GHz, има 2 GB RAM, 16 GB простор за податоци и исто така е водоотпорен и отпорен на прашина.
Таблетот Compact е снажен таблет кој доаѓа со екран со дијагонала од 8 инчи и резолуција од 1920х1200 пиксели, работи на Snapdragon 801, има 3 GB RAM, а тенок е само 6,4 мм.
Сите уреди на Sony имаат поддршка за PS4 Remote play така што сопствениците на новите конзоли на Sony ќе можат да ги користат и како додатен контролер за PlayStation 4.
{loadposition content9}