Иако голем број корисници бараа од Mark Zuckerberg воведување на “dislike” со кој би изразиле несложување со одредени статуси, фотографии, вести и слично, шефот на оваа компанија се одлучи за поинаков пристап со неодамнешните воведени реакции. Наместо палец надолу на оваа мрежа сега може да се изразат реакции на љубов, смеа, тага и лутина.
Иако нема “dislike” корисниците пронајдоа начин на кој можат овие реакции да ги искористат против политичарите па така на CNN велат дека првата жртва на овие нови реакции на Facebook е првиот човек на Хонг Конг, Cy Leung. Тој не ужива голема поддршка на јавноста, а во 2014 година на големи протести на студентите се бараше негова оставка (која не ја поднесе). На својата Facebook страница Leung до сега можеше да следи кој и што пишува, а коментарите кои не беа во негова корист лесно се бришеа. Но, проблемот дојде со воведувањето на новите реакции на оваа мрежа.
Имено, објавите и фотографиите на неговиот профил добиваат десетици, а некогаш и стотици илјади реакции, но повеќето се негативни, односно ја кликаат реакцијата за лутина. Така неговата последна објава од пред неколку дена има 79 илјади реакции, од што 75 илјади се негативни, односно лути реакции. Слично е и на постарите објави, додека на неговата профилна фотографија која е објавена кон крајот на минатата година има повеќе од 185 илјади реакции, од што има повеќе од 177 илјади се лути реакции со што корисниците на Facebook му дадоа до знаење што мислат за него.
Коментарите лесно можат да се блокираат или бришат, но корисниците се немоќни кога се во прашање реакциите и емоциите што би можело да биде проблематично за политичарите како што е Leung бидејќи на овој начин корисниците можат да покажат несложување со неговите објавувања (политика) и да му покажат палец надолу, дури и кога таква можност нема.