Google кон средината на октомври официјално ја најави Android 5.0 Lollipop, нова верзија на најпопуларната мобилна платформа на светот, која наскоро би требало да се појави на паметните телефони. По овој повод Business Insider истакна неколку новини кои доаѓаат со новиот Android. Издвојуваме седум функции кои се во склоп на Lollipop.
Повеќе кориснички профили – Со новиот Android ќе биде возможно да се креираат повеќе кориснички профили на мобилниот телефон или таблетот. Со други зборови, ако го делите уредот со членовите од фамилијата, секој ќе може да креира свој профил.
Google fit –Lollipop е прва верзија на Android која доаѓа со новата платформа на Google, Google-fit, која овозможува на едно место да следите различни статистики на своите здравствени и фитнес апликации.
Паметно отклучување – Опцијата “Smart Lock” ќе им овозможи на корисниците да го отклучат својот мобилен телефон со помош на друг пренослив уред, наместо со лозинка. На пример, ако поседувате Android паметен часовник, вашиот мобилен автоматски ќе се отклучи додека е во домет со паметниот часовник.Тоа е воедно корисна опција во случај на губење или кражба на телефонот.
Продолжено траење на батеријата – Google најавува дека подесувањата за заштеда на батеријата, кој се во склоп на новиот Android, ќе го продолжи времетраењето на батеријата за 90 минути.
Енкрипцијата ќе биде зададена – Со новиот Android, Google по default ќе ја спроведе енкрипцијата на информациите на вашиот уред. Претходно таа опција требаше да се одбере во подесувањата.
Нов дизајн – Она за што се зборува најмногу е потполно новиот кориснички интерфејс, кој меѓудругото донесува поизразени бои, префинети информации, рамен изглед на софтверот и конзистентни визуелни прикази.
Приоритетен начин на работа – Мобилниот телефон постојано ви пречи со нотификации? Добра вест е дека на Lollipop стигнува нов приоритетен начин на работа (Priority mode), со чија помош ќе моете да одберете кои нотификации ви се важни и потполно ќе ги блокира останатите на одреден период.
{loadposition content9}