Новороденче регрутирано во војска
Само 15 дена откако се родил малиот Клеменс добил покана за служење во војската на Германија.
| Маја Савиќ | Свет
бебе-Германија
Само 15 дена откако се родил малиот Клеменс добил покана за служење во војската на Германија. Неговиот татко Кристијан Краус (32) раскажал за весникот “Билд“ колку биле изненадени кога ја виделе поканата.
“Веднаш реагиравме за да видиме за што се работи. Набрзо дознавме дека згрешиле службениците од војската“, вели Кристијан.
Мајката на новороденчето Ања Кујат (29) додала дека грешката им била многу смешна и дека испратиле писмо до министерот за одбрана во кое навеле дека нивниот син би бил одличен за воената морнарица.
{loadposition content9}