Skip to main content

Обама бара камера на секој полицаец

Програма од 263 милиони долари 

 |  инфодеск  | 

Американскиот претседател Барак Обама од Конгресот бара 263 милиони долари за програма која опфаќа купување на специјални камери и додатна обука за полицајците.

По сѐ што се случуваше во Фергусон и неделата која беше одбележана со протести низ САД, американскиот претседател Обама побарал од Конгресот да одобри 263 милиони долари наменски средства за додатна обука на полицајците и купување на камери кои ќе бидат составен дел од опремата и кои полицијата ќе ги носи на својата униформа. Целта на оваа програма е враќање на довербата во полицијата.

“Тоа не се однесува само на Фергусон и Мисури, туку на целата земја. Тоа е национален проблем кој може да се реши”, рекол Обама по денот кој беше исполнет со состаноци со градоначалници, претставници на организации за заштита на човековите права и полициски функционери. Главна тема на тие разговори била програмата која овозможува американската полиција од војската да добива вишок воена опрема и оружје. Обама од неколку федерални агенции побарал гаранција дека таа програма не води кон непримерна милитаризација на полициските сили.

Парите кој ги побарал од Конгресот ќе се трошат за времена три години. Дел од парите ќе заминат на купување на 50.000 камери кои полицајците ќе ги носат на своите униформи, а тие ќе снимаат сѐ што ќе работат полицајците и како се однесуваат со цивилите, па нема да има двоумење како во случајот во Фергусон. Дел од средствата ќе се насочат на реформа на системот на полицијата. Ќе биде формирана и специјална група чија задача ќе биде додатна обука на полициските сили, но и промовирање на дијалогот со заедницата во која работат. 

{loadposition content9}