Skip to main content

Обама му испрати гајба пиво на канадскиот премиер

Американскиот претседател Барак Обама, кој го загуби облогот со канадскиот премиер Стивен Харпер за натпреварот во хокеј меѓу Канада и САД на Зимските олимписки игри, нареди да му испратат гајба пиво на канадскиот премиер.

 |  Маја Савиќ  | 
Obama
Обама
ObamaАмериканскиот претседател Барак Обама, кој го загуби облогот со канадскиот премиер Стивен Харпер за натпреварот во хокеј меѓу Канада и САД на Зимските олимписки игри, нареди да му испратат гајба пиво на канадскиот премиер.

Претставникот на Белата куќа Роберт Гибс соопшти дека Обама наредил на Амбасадата на САД во Канада да испрати на канадскиот премиер не само заработената гајба пиво Yuengling од Пенсилванија, туку и уште една гајба пиво Molson.

Самиот Гибс исто го загуби облогот од неговиот канадски колега Дмитри Судасу. Тој требаше да облече црвено-бел џемпер со јаворов лист и натпис Гибс.

Во финалето на хокејарскиот турнир на Зимските олимписки игри, Канада ги победи САД со 3:2 и го освои златниот медал.



{loadposition content}