Skip to main content

Обама во посета на Турција

Американскиот претседател Барак Обама синоќа допатува во Турција, која што е последната станица од неговата турнеја низ Европа, јавија агенциите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Barak Obama
Барак Обама
Американскиот претседател Барак Обама синоќа допатува во Турција, која што е последната станица од неговата турнеја низ Европа, јавија агенциите.

Обама заедно со неговата сопруга Мишел, во Турција ќе престојува два дена.

Според најавите, Обама денеска во Анкара ќе се сретне со турските лидери, по што ќе одржи говор пред пратениците во турскиот парламент. Тој утре ќе го посети и Истанбул.

Barak ObamaЕдна од главните причини за изненадувачки раната посета на Обама на Турција е да ги освои турските граѓани, чие што јавно мислење за САД во последниот период достигнало рекордни ниски показатели.

Обама минатата недела присуствуваше на самитот Г20 во Лондон, на самитот на НАТО во Стразбур и Кел, како и на самитот САД – ЕУ во Прага.

 

{loadposition content9}