Skip to main content

Зошто “обичните” жени имаат комплекси?

Жените во средни години имаат најниска самодоверба

 |  инфодеск  | 

Жените на старост од 35 до 49 години се нервираат поради својот изглед повеќе од тинејџерките, од оние во дваесетите или од постарите од нив, а само половина се задоволни од својот изглед. Ова го анализирале во Британија на повеќе од 3000 испитаници а само 57% жени се чувствувале задоволно од својот изглед.

За овој феномен говорела британската министерка за еднаквост помеѓу половите, Џо Свинсон, која ги обвинува славните личности кои со пластични операции поставуваат невозможни стандарди во изгледот, пишува DailyMail. Таа вели дека обичната жена се чувствува инфериорно и поради фотошопирани фотографии.

Наклонетоста на славните спрема пластичната хирургија поставила високи стандарди за жените кои се во доцните триесети, додека средувањето на фотографиите од страна на фотографите и дизајнерите довело до тоа да луѓето мислат дека е нормално да немаат бори.

“Кога ќе ја погледнете Хелен Мирен, помислувате дека е прекрасна. Таа има бори на лицето кои го прикажуваат нејзиниот карактер и фактот дека живеела интересен живот”, рекла Џо Свинсон.

Свинсон, исто така ја истакнала Ема Томпсон и Мерил Стрип како жени кои треба да се пофалат затоа што го прифатиле стареењето како нормален процес.

“Животот носи прекрасни промени со годините и тоа треба да се прифати пред да помислиме дека нешто треба да се поправи, посебно кога е во прашање изгледот”,заклучила Свинсон. 

{loadposition content9}