Верувале, или не, човештвото малку знае за движењето на течностите. Меѓутоа, разбирањето на овој феномен е дотолку важен што доколку успеете да ја решите равенката која опишува што се случува со чадот од цигарата или што се случува кога се тура млеко во кафето, можете да освоите еден милион долари, пишува Business Insider.
Navier-Stokes равенките се наоѓаат на листата од седум најважни отворени прашања во математиката на математичкиот институт Клеј, а решавањето на еден од овие проблеми со себе носи награда од еден милион долари.
Овие равенки се еквивалент на вториот њутнов закон кога се во прашање течностите. Вториот њутнов закон опишува како предметите ја менуваат брзината кога на нив дејствува некоја сила.
Слично на тоа, Navier-Stokes равенките претставуваат сет од равенки кои опишуваат како брзината на движење на течностите ја менува основната сила внатре во самата течност, на основа на надворешните сили – како гравитацијата.
Овие равенки ја претставуваат самата срж за тоа како функционираат течностите. Тие го претставуваат главниот математички модел за воздухот кои струи на крилото од авионот, водата која излегува од чешматa или чадот кој се појавува при оган.
Многу физички системи можат да бидат опишани со прости математички диференцијални равенки како онаа за вибрациите на жицата од гитара и во овие случаеви, решението за моделите на равенките се познати. Меѓутоа, за некои покомпликувани равенки, како Nаvier-Stokes равенките, математичарите сеуште немаат решение. Всушност, сеуште не е познато дали решението за овие равенки воопшто постои.
{loadposition content9}