Објавени првите фотографии од трупот на AirAsia
Брод на сингапурската воена морнарица ги пронашол остатоците од авионот на AirAsia

Брод на сингапурската воена морнарица ги пронашол остатоците од авионот на AirAsia, кој се сруши во Јаванското море каде загинаа сите 162 патници и членови на екипажот.
Министерот за одбрана на Сингапур, Ng Eng Hen јавноста ја извести за пронаоѓањето на остатоците од авионот на AirAsia преку својот Facebook профил и ги објавил фотографиите од остатоците, кои ги направила подводна сонда, пренесува news.com.au.
Напишал дека фотографиите прикажуваат делови од крилата и трупот од авионот. “Се надевам дека со пронаоѓањето на трупот од авионот, фамилиите на жртвите можат на некој начин да ја прифатат загубата на своите најблиски и дека тоа ќе им ја олесни тагата”, додал тој.
Пронаоѓањето на трупот на Airbus A320-200 се смета за клучно, бидејќи се верува дека многумина од жртвите се сеуште заробени во внатрешноста на трупот. Досега се извлечени 48 тела.
Црните кутии на авионот и снимачот на податоци за летот веќе се пронајдени, поткревајќи ја надешта дека ќе се откријат причините за падот на авионот.
{loadposition content9}




