Од денеска почнува објавувањето на добитниците на Нобеловите награди за 2008 година
Со објавувањето на годинешиот лауреат или лауреати на Нобеловата награда за медицина или физиологија денеска во Шведска почнуваат 107-те „нобелови седмици“.
| Крсте Голабовски | Свет
Nobelova nagrada
Со објавувањето на годинешиот лауреат или лауреати на Нобеловата награда за медицина или физиологија денеска во Шведска почнуваат 107-те „нобелови седмици“.
Од денеска до 13 октомври луѓето во светот ќе дознаат кои ќе бидат добитниците на Нобеловите награди за 2008 година, кои се воведени според шведскиот научник Алфред Нобел.
По желбата на Нобел, наградите се доделуваат за најважни откритија во физиката, хемијата, физиологијата или медицината, за исклучителни литературни постигнувања, како и за активност во интерес на светскиот мир.

Лауреатите ги избираат комисии, кои се формираат од Кралската шведска академија на науките – за физика и хемија, од Кралскиот Каролински медикохируршки институт во Стокхолм – за физиологија или медицина, од Шведската академија за литература – за литература и петчлениот комитет, избран од норвешкиот Парламент – за зацврстување на мирот.
Од 1968 година е воведена и награда за економски науки, финансирана од Шведската национална банка.
Вредноста на Нобеловите награди оваа година изнесува 10 милиони шведски круни или 1,3 милиони долари.