Неодамна спроведеното истражување во Велика Британија покажало дека сѐ поголем број на луѓе за време на возењето автомобил користат телефони, при што најмногу ги прегледуваат новините на Facebook и другите социјални мрежи. Од британското министерство за сообраќај тогаш предупредија дека луѓето поради користење на Facebook за време на возењето можат некого да убијат бидејќи не се сконцентрирани на возењето.
Токму користењето на телефон и Facebook е најголема причина за големата трагедија која се случила во Висконсин кон крајот на 2013 година. Една 34 годишна жена тогаш преминала на соседната лента и удрила во камион, при што загинаа нејзината 11 годишна ќерка и две 5 годишни внуки, додека таа и 3 годишниот син биле повредени. Таа не се сеќавала на сообраќајната несреќа така што полицијата не открила конкретна причина за несреќата, но неколку месеци подоцна полицијата го нашла нејзиниот мобилен телефон.
Полицијата побарала податоци од Facebook за нејзината активност на таа мрежа и се покажало дека за време на возењето по пат на Facebook Messenger се допишувала со еден маж а последната порака ја примила само две минути пред несреќата. Во полицискиот извештај, токму невниманието на возачката е наведено како еден од фактите кои довеле до оваа сообраќајна несреќа, бидејќи и покрај зимските услови на патот таа возела полн автомобил со деца а цело време се допишувала на Facebook. Скоро 15 месеци по несреќата, против Kari Jo Milberg е подигнато обвинение за тројно убиство предизвикано од невнимание при управување со возило и спрема инфомациите од CBS таа е под закана од максимална затворска казна и парична казна.
{loadposition content9}