Ангела Меркел пред неколку дена во парламентот најави состанок со грчкиот премиер Алексис Ципрас и рекла дека не треба да се очекува решение на проблемот на оваа средба.
Помеѓу двете земји јакне сѐ поголема напнатост бидејќи Германија е загрижена од можноста Грција да не ги испочитува своите досегашни обврски, а Грција пак од друга страна ја гледа Германија како главен заговорник за острите мерки на штедење.
Поради тоа, Ципрас би требало непопустливата Меркел да ја убеди на прифаќање на неговите реформски планови и репрограмирање на големите грчки долгови во склоп со меѓународната помош за спасување на Грција од банкрот.
Преостанува да се запрашаат сите, дали во Берлин денес ќе се случи чудо.
{loadposition content9}