Skip to main content

Од 1-ви мај до 31-ви август во Грција само со пасош

Од 1-ви мај Грција ги укинува задолжителниот сертификат и маските. Околу правилата за патување дополнително ќе се одлучува.
 |  инфодеск  | 
Плажа во грција

Сертификатот за вакцинација или прележан ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

Плажа во Грција

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево ги соопшти одлуките на Владата за олабавување на мерките, меѓу кои, освен укинувањето на сертификатот, се укинува и задолжителната маска на затворено од 1 јуни, како и задолжителниот селф тест за учениците.

Од 1 мај до 31 август се укинува сертификатот за вакцинација и прележана болест за влез во сите простори, затворени и отворени. Тоа значи дека и онаму каде што беше задолжително тестирање, нема да биде потребно да се спроведува. Мерката, одново ќе се разгледа на 1-ви септември. Паралелно, во следниот период ќе се разгледа и укинувањето на задолжителното покажување на европскиот сертификат за влез во земјава, па така ќе постои ново соопштение – рече Плеврис.

Исто така од 1 мај нема да биде потребно учениците да се тестираат со селф-тестови, невакцинираните вработени ќе прават само еден рапид тест седмично, а сите простори ќе работат со 100 отсто од капацитетот и се укинуваат секакви ограничувања.

До крајот на следниот месец останува задолжителна маската за внатрешните простори, нешто што ќе се укине од 1 јуни.

Ова значи дека од 1 мај нема да биде потребен никаков документ и пристапот ќе биде слободен за сите, и за вакцинирани и за невакцинирани.

За време на Велигденските празници, нема никакви промени на мерките што важат сега, а според Плеврис, по две години пауза сите религиозни настани ќе се одржат регуларно, со почитување на здравствените протоколи.