Business Insider се потрудил да одвои неколку фасцинантни факти за Швајцарија, кои секого би можеле да го интересираат.
-Ако сред ноќ падне многу снег, ќе ги затрпа улиците до толку, што не ќе може да се помине по нив. Но, можете слободно да се обложите дека ќе бидат исчистени до 8 часот наутро.
-Во случај на нуклеарна војна, Швајцарците имаат капацитет на бункери во кои можат да се сместат 100% од жителите на таа земја.
-Во Лозана, за да се оптимизира данокот на исфрлање на ѓубре, ги стандардизирале кантите за ѓубре и вклучиле данок во истата цена. Ако фрлате повеќе ѓубре, повеќе и ќе платите, а ако не ги користите своите канти за ѓубре, тогаш плаќате глоба.
-Иако е мала, Швајцарија има четири службени јазици: германски, француски, италијански и ретроромански. За да се разберат помеѓу себе го користат англискиот.
-Автомобилите во Швајцарија се како нови. Имено, полицијата може да казнува ако автомобилот е оштетен, па дури и ако се работи за мала гребаница.
-Многу компании вработуваат луѓе на работни места кои можат да се заменат со машина. Ова го прават бидејќи, како општество одлучиле да стават крај на невработеноста и на тој начин овозможува секој да може да заработи нешто за живот. Работодавачот кој ќе вработи човек наместо да купи машина, добива државни бенефиции.
-Со еден билет можете да се возите во сите возила на јавен превоз низ целата држава.
-Швајцарците на невработените им исплаќаат месечен надоместок во времетраење од две години на невработеност, а во таа плата е вклучен и платен годишен одмор, патен трошок за одморот и сместување.
-Кога би сакале да ја затворат државата, тоа можат да го направат со неколку војници бидејќи тунелите и бројните автопатишта имаат челични цевки кои можат да се подигнат со притискање на едно копче. Во случај на инвазија, исто така би се користеле стебла кои се посадени одамна. Тие би се пресекле и би се поставиле како барикади.
{loadposition content9}