Skip to main content

Како се одмора едно од најбогатите лица во светот?

Конечно одвоил време за опуштање со челеновите од семејството

 |  инфодеск  | 

Конечно одвоил време за опуштање со членовите на своето семејство, меѓутоа, како изгледа одморот на едно од најбогатите лица на светот, Bill Gates.

Одморот на Bill Gates изгледа токму онака како веројатно и го замислувате дека изгледа одмор на најбогатиот човек на светот, пишува Daily Mail.

Наутро се опушта играјќи тенис, а потоа со хеликоптер се враќа на супербродот кој го изнајмиле за 5 милиони долари неделно.

Основачот на компанијата Microsoft вреден 76 милијарди долари издвоил време за одмор со своето семејство и тоа го прави на 133 метри долгиот брод “The Serene” која може да прими 24 гости во 12 кабини.

За него се грижи екипаж од 52 лица, а освен хеликоптер тука се базен со морска вода, кино-сала, теретана, две џакузија на палубата, библиотека, спа, ноќен клуб, ѕид за качување…

Во близина на Porto Cervo (Sardinia) фамилијата Gates  се одмора со години. Децата од богаташот Rorry, Jenifer и Fibi во одморите би требало да уживаат додека можат, бидејќи нивниот татко не планира да им го остави богатството.

{loadposition content9}