Skip to main content

Оланд и Саркози одат понатаму

Како што и се очекуваше во вториот, решавачки, круг од претседателските избори во Франција, кои се закажани за 6 мај, одат кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд и актуелниот претседател Никола Саркози.

 |  Голабовски Крсте  | 
sarkozi i oland
саркози и оланд

Како што и се очекуваше во вториот, решавачки, круг од претседателските избори во Франција, кои се закажани за 6 мај, одат кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд и актуелниот претседател Никола Саркози.

Франсоа Оланд со 28,63 отсто од гласовите е фаворитот на изборите, актуелниот претседател Никола Саркози освои 27,08 отсто од гласовите, а кандидатката на Националниот Фронт Марин Ле Пен 18,01 отсто.

sarkozi i olandЖан-Лук Меланшон (Фронт на левицата-комунисти) освои 11,3 отсто, кандидатот на партијата од центарот МоДем Франсоа Бајру 9,11 отсто, Ева Жоли (Зелени) 2,28 отсто, Никола Дипон Ењан (Стоечка република) 1,8 отсто, Филип Путу кандидат на Новата антикапиталистичка партија 1,15 отсто, Натали Арто (Работничка борба) 0,57 отсто и Жак Шеминад 0,25 отсто.
Ова се речиси дефинитивните резултати од првиот круг, објавени од Министерството за внатрешни работи на Франција, по пребројувањето на околу 99 отсто од гласовите.

Французите вчера масовно се мобилизираа на изборите, а од околу 44,5 милиони избирачи пред гласачките кутитии не се појавија само 19,84 отсто.

{loadposition content9}