Skip to main content

Оли Рен предложен за нов мандат

Финската Влада денеска соопшти дека го номинира Оли Рен за нов мандат како претставник на земјата во следниот состав на Европската комисија, пренесоа американските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Oli Ren
Оли Рен
Финската Влада денеска соопшти дека го номинира Оли Рен за нов мандат како претставник на земјата во следниот состав на Европската комисија, пренесоа американските медиуми.

Oli RenРен е европски комисар за проширување од 2004 година .Тој ја зазема функцијата во момент кога јавната поддршка во Унијата за прием на нови земји членки се намалува, забележуваат медиумите.
Финската Влада денеска јасно порача дека сака Рен да добие позиција со поголема тежина во новиот состав на Европската комисија, евентуално за економија или за надворешни односи.
Жозе Мануел Баросо, кој беше реизбран за претседател на ЕК, ќе ги подели комесарските функции по номинациите од сите 27 кандидати – по еден од секоја земја членка.
Новиот состав на Комисијата ќе стапи на должност на 1 јануари 2010 година.




{loadposition content9}