Олимпискиот оган се врати од вселената
Како што беше планирано, капсулата на вселенскиот брод “Сојуз ТМА – 09М” слета во Казакстан рано утринава. Сите во неа се чувствуваат добро.
Како што беше планирано, капсулата на вселенскиот брод “Сојуз ТМА – 09М” слета во Казакстан рано утринава. Сите во неа се чувствуваат добро.
Приземјувањето се случи на околу 147 километри од градот Џезказган во 03:49 часот по македонско време.
Околу капсулата се распна шестметарско бело платно, за да се испочитува олимписката симболика. Факелот ќе биде предаден од командант на екипажот Фјодор Јурчихин на претставник на олимпискиот комитет. Се очекува токму со овој модел да биде запален и големиот олимписки факел во Сочи.
На Земјата се вратија Русинот Фјодор Јурчихин, Американката Карен Најберг и Италијанецот Лука Пармитано. Тие завршија со долгиот престој на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Факелот беше изнесен и во отворен простор во саботата. Резервоарот за гас на неговата “вселенска” опција му дава автономија на пламенот околу 25 минути, за разлика од “обичните” факели, кои се пренесуваат од рака на рака на Земјата и горат со едно полнење околу 12 минути.
{loadposition content9}