Омикрон се шири во Австралија, рекорден број на заразени
Австралија постави дневен рекорд по бројот на заразени Ковид-19 со 72.392 случаи, кои беа предизвикани од високо преносливиот сој омикрон.
Австралија постави дневен рекорд по бројот на заразени Ковид-19 со 72.392 случаи, кои беа предизвикани од високо преносливиот сој омикрон.
Епидемиолошката ситуација во Австралија повторно доведе до полни болници, додека рестриктивните мерки против Ковид-19 предизвикаа недостиг на работна сила, оптоварувајќи ги бизнисите и синџирите на снабдување.
Австралијците сега се соочуваат со многу повисоки стапки на инфекција од оние забележани во азиско-пацифичкиот регион, а одредени епидемиолози во земјата ги предвидуваат најлошите сценарија. Владата на премиерот Скот Морисон се соочува со недостиг на антигенски тестови и незадоволство на луѓето поради неколкучасовното чекање во центрите за тестирање.
Австралиските власти ја ублажија мерката и го скратија периодот на задолжителна изолација за асимптоматските случаи поради загриженоста дека клучните служби би можеле да престанат со работа.