ОН загрижени поради можна копнена инвазија на Газа
Специјалниот пратеник за Блискиот Исток Роберт Сери изјави синоќа дека ОН се загрижени од можна копнена инвазија во појасот Газа, што само би го влошило судирот во кој стотици луѓе веќе ги загубија животите.
„Силно сме загрижени бидејќи тоа би значело само нов круг насилства и натамошна ескалација на судирот. Тоа мора да престане“, истакна Сери.
Специјалниот пратеник на ОН, преку видео бим од Ерусалим, рече дека имајќи предвид оти израелските тенкови се на граицата со Газа, сега апсолутен императив е да се најде начин да се избегне поширок конфликт со уште поголем број жртви.
За седум дена во израелската кампања против Хамас загинаа најмалку 425 Палестинци, додека 2.000 се повредени, а животот го загубија и четворица Израелци.
{loadposition content9}